Инструкции за приправници … лиценца Б1

Инструкции за приправниците – планинарски водичи и за менторите за Категорија Б1 – Планинарење по лесни патеки во зимски услови

ФПСМ / КОМИСИЈА ЗА ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧИ

ПРИПРАВНИЧКИ АКЦИИИНСТРУКЦИИ ЗА МЕНТОРИТЕИ ПРИПРАВНИЦИТЕ

КАТЕГОРИЈА Б1 – ПЛАНИНАРЕЊЕ ПО ЛЕСНИ ПАТЕКИ ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ

 

Пред почеток на акцијата:

  • Соработка на Приправникот и Менторот во подготовка на акцијата.
  • Приправникот да се претстави и да објасни детали за акцијата (времетраење, висинска разлика …).

 

Во текот на акцијата Приправникот да покаже и презентира:

  • Познавања на околината (околни и далечни врвови).
  • Ориентација со компас и мапа, со ГПС уред и со ГПС мобилна апликација.
  • Давање Прва помош (имобилизација, запирање на крварење …).
  • Содржина на торбичката за Прва помош и на ранецот.
  • Движење со планинарска техничка опрема (дерези, цепин, шлем).
  • Изработка на бивак за итни ситуации.
  • Доколку има мрежна покриеност, приправникот е должен да испрати најмалку 3 SMS пораки со своите координати со апликацијата GPSTOSMSза време на изведувањето на акцијата на двајца од регионалните координатори: Влатко Гроздановски – 075/575-634, Александар Стојановски Цули – 078/225-034, Марјан Милановски – 071/387-227, Љупчо Чучуковски – 070/605-137, Горан Николоски – 070/200-506, Николчо Петров – 070/262-169.

 

На крај од акцијата:

  • Анализа на акцијата со Менторот и со останатите водичи.
  • Заблагодарување за учеството и најава на следни акции на планинарскиот клуб.

 

После завршување на акцијата:

  • Приправникот треба да пополни Извештај за приправнички акции (деловите А, Б, В и Г), да го потпише и да го достави до менторот (Извештајот се наоѓа на интернет страната https://www.fpsm.org.mk/komisija-za-planinarski-vodici/ ).
  • Менторот треба да го пополни делот Д и целиот извештај да го достави само до Комисијата за планинарски водичи (КПВ).
  • Приправникот да испрати минимум по 4 фотографии, на кои се учесниците и менторот, и по можност список на учесници.
  • Менторот, дополнително пополнува и Лист за оценување на приправниците и го доставува само до КПВ.

 

НАПОМЕНА ЗА ПРИПРАВНИЦИТЕ: Упатствата за број на учесници во планинарска акција и за изведба на приправнички акции се поставени на интернет страната на КПВhttps://www.fpsm.org.mk/komisija-za-planinarski-vodici/

 

НАПОМЕНА ЗА МЕНТОРИТЕ: Согласно Правилникот за планинарски водичи, Категорија Б1: Планинарење по лесни патеки во зимски услови – Категорија Б1еосновно зимско водење каде што движењето претставува пешачење, но потребни се и основни вештини за употреба на цепин, дерези и дрезги. Водењето ги опфаќа истите услови како од категоријата А1, како и водење по лесен, снежен планински терен, при што е потребно познавање на користење дерези и цепин по лесни означени и лесни неозначени патеки по снег, по зимски маркирани патеки и на организирани и осигурени зимски походи.

Согласно документот Планинарски акции – објаснувања:

Акција во зимски услови е планинарска акција изведена во зимска сезона, од 21 декември до 20 март, до 1.500 м. надморска височина, и од 1 декември до 30 април, над 1.500 м. надморска височина. Акцијата се изведува на терен покриен со снег (сув, влажен, смрзнат). Акциите на места со постојан снег и мраз се глечерски акции.

Лесна акција во зимски услови: Планинарска акција по ненапорен заснежен планински терен кога не треба придржување со рацете. Планинарски стапчиња, цепин и дерези се употребуваат само за полесно движење и поголема безбедност. Нагибот на патеката е помал од 30°.

Share This:

Posted in Комисија за планинарски водичи.