Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/fpsmorgm/public_html/wp-content/themes/jupiter/jupiter/framework/includes/minify/src/Minifier.php on line 227
Titov vrv – Федерација за планинарство на Северна Македонија

Titov vrv

 In Новости

Планинарски Клуб „Љуботен“ – Тетово

ПОКАНА
33 традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина, Титов Врв 2747 м.
24 – 25 Мај (сабота – недела) 2014 година – Попова Шапка

ПРОГРАМА

24 Мај 2014 (сабота):

  •  12.00 часот – 17.00 часот – пријавување на планинарските друштва/клубови во сместувачките капацитети на Попова Шапка кај одговорните лица на П.К. „Љуботен“ и сместување на пријавените планинари.
  • 19.00 часот – свечено отворање на манифестацијата во холот на хотелот „Попова Шапка“.
  • 19.30 часот – состанок со водачите на екипите на кои ќе бидат детално објаснети условите за искачувањето и доделување на дипломите за учество.
  •  20.00 часот – 23.00 часот – планинарско дружење и забава.

25 Мај 2014 (недела):

  • 06.30 часот – Поаѓање на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон Титов Врв по „Вакуфска Патека“!
  • 11.00 часот – пристигнување на колоната на Титов Врв.
  • 12.00 часот – поаѓање на колоната од Титов Врв кон Попова Шапка.
  • 16.00 часот – пристигнување на Попова Шапка, испраќање на гостите и затворање на манифестацијата.

Исхраната е од ранец!
За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема за во
зимски услови!
Секој од учесниците треба да биде во добра психофизичка кондиција!
Информации:

  •  Превозот до Попова Шапка е во сопствена организација (за дополнителни ионформации Ви стоиме на располагање)
  •  Обезбедено е ноќевање во:
    • Хотелските капацитети на Попова Шапка по цена од 600 ден. (10 €)
    • Планинарски домови на Попова Шапка по цена од 300 ден. (5 €)

Ве молиме, благовремено и најдоцна до 19 Мај 2014 година да го пријавите Вашето
учество на долунаведените броеви, за да можеме да го организираме сместувањето во
обезбедените сместувачки капацитети.

Напомена:
За учество на настанот потребно е да се платат горенаведените суми (од зависност во кој
објект сте сместени) по учесник, во рамките на кој организаторот обезбедува ноќевање и
верификација за учество на матично друштво/клуб со доделување на диплома.

При пристигнувањето, пријавувањето на планинарските друштва/клубови и поединци, со
поднесување на пријавата и наплатата, ќе се извршува во сместувачките капацитети кај
одговорните лица на П.К. „Љуботен“ на 24 Мај – Сабота до 17.00 часот.

Пријавувањето може да го извршите на следниве контакти:

  • Александар Кочовски – моб: +389 (0) 75 200 911
  • Горки Качелов – моб: +389 (0) 75 22 44 28
  • П.К. „Љуботен“ – тел: +389 (0) 44 333 226
  • e-mail: kontakt@pkljuboten.org.mk и www.pkljuboten.org.mk
Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search