Поставување на Инфотабли на Водно и Скопска Црна Гора

Во текот на изминатиот викенд преку Програмата за развој и соработка од Република Чешка, а преку Амбасадата на Р. Чешка во рамки на Пилот проект за означување на планинарски патеки на планината Водно и една планинско велосипедска патека на Скопска Црна Гора, поставени се инфотабли со основни информации за патеките на Водно, велосипедската патека на Скопска Црна Гора. На овој начин сите посетители, спортисти, рекреативци ќе имаат основни информации за назив на патеката, должина, и висински профил, со што ќе се олесни изборот на патеката по која ќе може да се рекреираат во согласност со нивната психофизичка состојба.

Поставени се 6 Инфотабли на Водно (Словенска патека, Средно Водно, Македонско село - Г. Нерези, Матка (кајакарски мост), Врв Водно, Горно Соње), како и 2 инфотабли на планинско велосипедска патека (манастир. Св. Никита и манастир Св. Илија).  

Воедно доколку забележите одредени оштетувања или уништување на патоказите, можете да ја споделите информацијата, како би можеле благовремено да интервенираме. Сите забелешки кои се однесуваат со цел на подобрување на инфраструктурата на патеките се добродојдени, бидејќи наша цел е да ви овозможиме безбедно движење по истите. Се надеваме на сестрано задоволство дека Институциите и град Скопје ќе изнајдат начин и средства за понатамошно финансирање за одржување на овие патеки.

Ви посакуваме безбедно и успешно рекреирање.