Oбнова на лиценци на планинарски водичи Категорија А1

Извештај за завршена обука за обнова на лиценци на планинарски водичи Категорија А1

На 10 април, 2022, во објектот на ФПСМ на Средно Водно, на планината Водно, 11 планинарски водичи присуствуваа на обука за обнова на нивните лиценци на планинарски водичи Категорија А1 (Планинарење по лесни патеки во летни услови).

Учествуваа планинарски водичи од Тетово, Скопје, Куманово, Велес, Битола, Прбиштип и Делчево.

Заедно со предавачите: Деан Ивановски, Виктор Антовски, Слободан Митровиќ, Бојан Тодевски и Горан Николоски, учесниците на обуката работеа во затворено и на отворена на темите: ориентација со компас и мапи, ориентација со ГПС уред и мобилна апликација, давање Прва помош, и изработка на огради од јаже.

Според учесниците, на обновата се запознале со другите водичи, научиле нови и повториле работи кои се потребни на планина. Учесниците нагласија дека обновите на лиценци треба да се прават и почесто, а квалитетот на обновите на лиценци се подобрува со текот на времето.

Виктор Антовски повеќепати наведе дека обновите на лиценци многу придонесуваат за поголема безбедност на планините.

Share This: